ТВ водителката Милена Антовска Станковска деновиве имаше една сосема случајна, спонтана средба со нашата голема македонска музичка ѕвезда Калиопи. За ергергијата која искрела уште од првите меѓусебни погледи, Милена сакаше да сподели јавно, па и да ја покаже фотографијата која ја направиле за спомен.
Под силни импресии од средбата, Милена одлучи и дека мора подетално да ги опиште своите чувства предизвикани од средбата со Калиопи.
-Пред неколку дена се сретнавме сосема случајно и следеше силна прегратка и насмевка на нашите лица. Не можеш да не ја сакаш затоа што е една и единствена Калиопи. Едвај го чекам следниот концерт за да пеам, да плачам и да се смеам бидејќи музиката која што ја создава и пее е збир на многу емоции и ги буди сите сетила, напиша Милена.

Едно е сигурно, познатата водителка за ништо друго нема да го пропушти претстојниот концерт, а нема да пропушти ниту еден стих за да го отпее меѓу публиката и да си помине најубаво.

За потсетување, по огромниот интерес кај публиката и рекордно распродадените три концерти, Калиопи најавува уште едно незаборавно музичко доживување во Скопје. На 30 декември 2025 година, во магичниот амбиент на Македонската филхармонија, ќе се одржи нејзиниот четврти акустичен спектакл „100% LIVE“.

Овој концерт претставува продолжение на низата ексклузивни настапи со кои Калиопи уште еднаш ја докажува својата автентичност, моќен вокал и неповторлива емоција што со децении ја врзува со македонската публика.
фото:Instagram printscreen/kaliopi_official/milena_antovska






