Радио Милева како е добро, да те видам пак...?

Иако секој со свој брак, пејачката повторно во друштво на бившoто момче: Антониа Гиговска и Иван Јованов повторно заедно! (ВИДЕО)

Иако секој со свој брак, пејачката повторно во друштво на бившoто момче: Антониа Гиговска и Иван Јованов повторно заедно! (ВИДЕО)

Телевизискиот простор во Македонија доби ново вечерно ТВ шоу.  Стартуваше најавуваното „Вечер по 8 со Миро“, кое од четвртокот, 27 ноември,  ќе се емитува секој четврток во 20:30 часот на Алфа телевизија.

Најавено како: „Комбинација од искрени разговори, актуелни теми и уникатен хумор, ‘Вечер по 8 со Миро’  ќе има за цел  да создаде различна, поблиска и посуштинска комуникација со гледачите, преку формат кој истовремено забавува, провоцира и отвора важни прашања.

И така беше во првата епизода, во која покрај останатите гости како новинарот и водител Кристијан Ландов, стендап комичарот Бојан Велевски, актерот Стефан Николовски, беше и поп пејачката Антониа Гиговска.

И како што беше најавувано, ред забава и муабети, ред хумор и смешки, ред музика и… Провокација „на прв поглед“ која отвора важни прашања!

Комичарите комични и забавни, водителот на висината на задачата, а за музиката задолжени „Либеро бенд“.  И тука веднаш се наметнува провокацијата и отвораат важните прашања, особено кога Антониа Гиговска застана до своето бившо момче – пејачот на „Либеро“ Иван Јованов. Двајцата „тело до тело“ на иста сцена.

Многумина тврдеа дека по разделбата која не беше баш пријатна од познатите причини, обајцата наводно не сакале „очи да си видат“, дека немало  дури ни куртоазни честитки при свадбата на едниот од другиот и обратно, ниту пак честитки при раѓањето на нивните дечиња. Очевидци отидоа до таму што тврдеа дека на последното испраќање на покојниот Панчо-ДНК во црквата Св. Илија во скопски Аеродром, пејачката и пејачот стоеле еден до друг, но меѓу нив не протекла никаква комуникација, ниту пак било забалежано дури ни обично протоколарно ракување.

Сето ова оставаше сомнежи дека „ситуацијата“ е продлабочена и доведена дури до ниво на „нетрпение“ помеѓу некогашните љубовници?!? Арно ама, премиерното издание на новото вечерно шоу ги „фрли во очај“ љубопитните  злобници кои тврдеа дека ако се сретнат Иван и Антониа „очи ќе си извадат“!

Напротив, иако денес секој со свој брак, пејачката повторно се најде во друштво на бившто момче. Антониа Гиговска и Иван Јованов беа видени повторно заедно и тоа јавно, откако на иста сцена запејаа во  новата вечерна ТВ емисија.

Или што би рекле стиховите на една стара добра екс – ЈУ хит песна од легендарните „Нови фосили“: „Како је добро, видети те опет…“  И нема зошто да не е, после таква љубов. А дали имало и… „ставање раце на твоите рамена и нежен бакнеж за оние добри стари времиња“ – како што се пее во стиховите во продолжението на песната, знаат само тие двајцата…?! Иван и Антониа и малкуте очевидци од некои ТВ студија, каде што снима оваа емисија!

И да нема недоразбирања… „Усни на усни“ имаше, но само во насловот на песната што (сите) заедно ја испејаа!

 

Фото и видео: Инстаграм/ архива /libero_band/antoniagigovskaa/ vece.po.8

 

 

 

To top