Радио Милева „тригер за расонување“

Милена Антовска приреди глетка која според неа е вредна за реприза, а богами и за ококорување

Милена Антовска приреди глетка која според неа е вредна за реприза, а богами и за ококорување

Водителките на утринската програма „Здраво Македонио“ како што е ред секојдневно си се дотерани и стокмени од глава до петици за пред камери, која повеќе, која помналку, ама секоја од нив знае да изненади со некој провокативен елемент од стајлингот на себе.

Овој пат тоа беше Милена Антовска Станковска и тоа репризно, зашто таа смета дека ова нејзино издание е вредно да се повтори како поздрав до следбениците на Фејсбук.

Навидум одмерна и елегантна во циклама кошула споена со црно мини кое откри повеќе од долгите вити нозе, а излезе и дека комбинацијата беше баш  храбар избор за утринска, особено кога Милена ќе ги прекрсти нозете.

Што тогаш „ловеа“ камерите рано наутро, најдобро знаат ранобудниците кои ја следеа, но сигурно е дека оваа глетка која ја приреди водителката, па макар и како репризна објава на социјалните мрежи,  беше ултра моќен „тригер“ за расонување, привлекување внимание, поттик за коментар и „лајк“.

фото:Faceook/ Milena Antovska Stankovska

To top