Радио Милева јазичен рецепт

Водителката Сања Савеска излезе „смотана“, а шеф Никола ја просветли во пракса, но веќе беше доцна (видео)

Водителката Сања Савеска излезе „смотана“, а шеф Никола ја просветли во пракса, но веќе беше доцна (видео)

Од месец октомври започна 11-тата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“, а на позиција стара постава, шеф Никола, шеф Боби и домаќинката Сања Савеска.

Секој од нив одново пред предизвикот на своите задачи, па ако мислевте дека можеби на шефовите им е најтешко да се снајдат секојдневно со нови асистенти и идејата да се направи некој брз рецепт за 20 минути, се лажете – не и е лесно ниту на водителката Сања.

Говорењето македонски јазик пред поширокиот аудиторум треба да биде прецизно и коректно, но не секогаш тоа успева да биде доведено до перфекција, особено ако како во случајот на Сања се случи зборовите од основното значење да преминат кон преносното. Се’ тргна од начинот на подготовка на една плескавица, па од замотана, свиткана, или смотана, наместо плескавицата „смотана“ излезе водителката.

-Ааа, видиш како… Јас па на пример смотана ќе си ја печев едната, па и другата – кажа Сања на што шеф Никола се надоврза велејќи дека плескавицата нема да биде смотана, туку …

-Оваа нема да биде замотана, туку ќе биде вака… на што Сања слатко се изнасмеа и си призна дека таа е „смотана“ па плескавицата ќе ја печеше на принцип поразличен од оној на шефот.

Литературата е уметноста на зборот, а зборовите се употребуваат со нивното основно, но и преносно значење.

Во случајот низ говорништвото „лончињата се помешаа“, арно ама на крај, и плескавицата излезе дека може да биде смотана, а да се смота или збуни и водителката. Крајниот исход и слатка плескавица, но и слатко изнасмеана домаќинка.

фото:Instagram printscreen/sanja_saveska

To top