Скандалот што избувна на концертот на Светлана Цеца Ражњатовиќ во Велес продолжува да ја тресе јавноста низ целиот регион, а срамниот гест на пејачката од Житораѓа е главна вест на нсловниците на порталите ширум бившите ЈУ простори.

По видеата што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа како Цеца се појавува завиткана во бугарско знаме, а потоа публиката бурно реагира со свирежи и извиците „УА!“, се огласи и Јелена Карлеуша која на својот концерт во Скопје годинава испеа позната македонска новосоздадена фолк песна, го вееше и нагрна македонското знаме.

Карлеуша, позната по тоа што секогаш јавно зборува без влакна на јазикот, го осуди срамниот чин на Цеца и застана на страна на македонскиот народ. Во својата Инстаграм објава таа напиша:

„Со сето свое срце сум со прекрасниот народ на Македонија, кој не го заслужува ваквото непочитување од страна на пејачи што доаѓаат да настапуваат во Македонија. Го осудувам овој потег на дотичната и сметам дека не станува збор ниту за глупост, ниту за незнаење. Прво, да се завиткаш во знамето на држава која го оспорува постоењето на државата Македонија, потоа да го бакнеш тоа знаме во сред Македонија – а за да биде уште пострашно, истото тоа знаме потоа да го фрлиш на подот… Дно“ – споделила Карлеуша, споделувајќи ги двата момента од нејзиниот каде ја пее песната „Бисер Балкански“ и настапот Цеца која со свирежи е испратена по истакнувањето на бугарското знаме.
Со оваа објава, Карлеуша предизвика лавина од реакции во македонската јавност која ѝ се заблагодари за поддршката, додека дел од српските медиуми го пренесоа нејзиниот став како „редок пример на искрена солидарност и почит“. Многумина коментираат дека Карлеуша покажа повеќе достоинство и човечност од оние кои во Велес ја замолчуваа публиката.
View this post on Instagram





