Познатиот кумановец Дарко Спејко откако се пресели да живее и работи во Обиденетите Арапски Емирати му случија многу работи. Меѓу останатото некогашниот ријалити победник од „Големиот брат“ има и нова девојка. Мала, слатка, симпатична црнка „џепна венера“ , надарена со бујни телесни атрибути. Добро набилдано секси мињонче, слатко како бонбонче по вкус за жени, каков што очигледно Спејко има во еден, веројатно за него најважен сегмент. Впрочем, како и секоја негова досегашна убавица, и оваа има совршено извајана задница!
Спејко секој слободен момент го користи да бидат блиски… Еден покрај друг, еден до друг, а Бога ми и еден на друг! И тоа во секоја прилика, особено кога ќе се најдат на некое осамено тивко, егзотично место, како што е арапскиот песочен брег… Иделно место за малку релаксација и размена на многу нежности.
Малку галење, нежни допири и по некој бакнеж, како предигра за она што допрва следува – „влажна гимнастика“. Некои ова би го нарекле склекови во вода со посебна тежина, која секој ја поскува, иако отстрана гледано, човек не знае дали изведбата изгледа мачна и тешка или повеќе наликува на возбудлива и „жешка“.
До душа, Спејко никогаш не ги криел девојките и споделувањето интима, ама најновава има посебна привилегија, да ја снима додека му е качена на мускулетата регија! Ама кога ја носиш на грбот љубовта, тоа може да биде и компаративна предност. Зашто ваквата „фитнес-еротска егзибиција“ е всушност само добра подготовка за она што може подоцна да се очекува, кога улогите ќе бидат сменети. Љубовта легната на грб или обратно, а склековите… си се склекови! Сеедно дали се нејзини или негови! Важно е да ја почувствуваш убавината на она најбитното, откако „длабоко ќе потонеш“ во плиткото!
Впрочем, на тезата дека за возбудлива размена на љубовни страсти нема лоша локација не потсетува и следнава ситуација: Морска панорама на романтично зајдисонце од Персискиот залив и Дарко Спејко со старите добри рутини – неговата рака меѓу нејзините бутини!
Фото и видео: Инстаграм/spejko







