Радио Милева среќа и убави моменти

„Светот стана поубав“ – Емра Куртишова и Петар Стојанов го прославија вториот роденден на наследничката

„Светот стана поубав“ – Емра Куртишова и Петар Стојанов го прославија вториот роденден на наследничката

Актерите Емра Куртишова и Петар Стојанов нодамна го прославија вториот роденден на ќеркичката Лена. На социјалната мрежа Инстаграм, за убавиот повод и двајцата се огласија и споделија приватни моменти досега непознати за јавноста со кои ги „стопија“  следбениците.

„Среќен роденден мајкино. Секоја фотографија – една мала приказна за љубовта наречена Лена“ – стоеше во описот  покрај емотивното видео со спомен фотографии кое може да го погледнете на нивните профили.


Подоцна Емра сподели и дел од роденденската атмосфера каде позираат заедно и додаде: „Две години откако светот стана поубав – затоа што дојде ти“ – напиша Емра со многу љубов, која се гледа и од самите фотографии.

Инаку, Емра попозната по улогата на Исаура од серијата „Преспав“, со саканиот Петар станаа родители во октомври 2023 година за прв пат , а истата година стапија и во брак.

Foto: Print screen/Instagram/emra.kurtishova

To top