Радио Милева спомени кои траат засекогаш

Миро Кацаров во чекор со трендот пред големиот ден: „Џабе ти е животот ако нема за кој да го живееш“

Миро Кацаров во чекор со трендот пред големиот ден: „Џабе ти е животот ако нема за кој да го живееш“

ТВ водителот Миро Кацаров и неговата сопруга Ивана бројат ситно до големиот ден, денот кога ќе станат родители, Миро татко за првпат, додека Ивана мајка по вторпат.

Таа е бремена во третиот триместар од бременоста и ги живее највозбудливи денови од исчекувањето на малиот наследник.

Па така, деновиве брачната двојка реши да ги следи трендовите и да направи професионална фотосесија со трудничкиот стомак во прв план.

Емотивно, уникатно и во црно- бела техника како најава за шаренилото кое допрва спеди…

„Џабе ти живот ако нема за кој да го живееш“- ги наслови фотографиите на Инстаграм идниот татко.

Инаку, ТВ водителот Миро не криеше дека одамна посакувал да добие дете, па откако сопругата имала една неуспешна бременст, сега со Божја милост го очекуваат нејголемиот благослов.

Полот на бебенцето го открија преку интимна забава меѓу блиските, а тогаш и самите дознаа дека ќе добијат синче чие име го обзнанија тогаш.

-Од сега па на даље, ќе живееме за нашите две деца. Миа и Тадеј. Фала ти господе за даровите што ни ги даде – стоеше во описот на објавата на идните горди родители.

Инаку, Миро и Ивана заедно со нејзината ќеркичка од првиот брак, Миа, наскоро ќе отпочнат едно ново животно поглавје, пошарено и уште поисполнето со љубов, засилена од малиот Тадеј.

.фото:Instagram printscreen/miroslavkacarov

To top