Пејачката Катарина Живковиќ објави провокативно видео во фустан кој повеќе открива отколку што покрива.
Катарина, која неодамна проговори за најголемата грешка во својата младост, се сними себеси во огледалото, облечена во долг, тесен фустан кој совршено ги истакнуваше нејзините облини.

Во преден план беа нејзините гради, но и извајаната фигура по која пејачката отсекогаш била препознатлива.
Коментарите под објавата беа полни со пофалби – многумина се согласуваат дека Катарина изгледа подобро од кога било.
За потсетување, пејачката отворено проговори за својот емотивен живот и за својот партнер, кого вешто го крие од очите на јавноста.
– Јас не го кријам мојот партнер. Кога навистина сакате нешто да задржите за себе, можете да го направите тоа. Ако излегувам со мојот партнер и не сакам новинарите да нè следат, избираме поинтимни места. На тој начин, помала е веројатноста да бидеме фотографирани, а досега никогаш не сум имала некој да „нè фати“ – искрено изјави Катарина, додавајќи дека ужива во својата приватност, иако поради тоа, понекогаш оди сама на забави на пријатели.
Foto: printscreen/instgaram/katarina_zivkovic_official





