Радио Милева емотивно

Ване Маркоски, Антониа Гиговска и Јоце Панов ги споија минатото и сегашноста преку вештачка интелигенција: „Малото дете некаде внатре во мене“

Ване Маркоски, Антониа Гиговска и Јоце Панов ги споија минатото и сегашноста преку вештачка интелигенција: „Малото дете некаде внатре во мене“

Речиси и да не постои таков што не слушнал за АI односно вештачка интелигенција и се’ она што таа умее да го направи/ реши, советува, информира, подучи, па дури и да те врати низ времето наназад и истото да го оживее.

Досега на социјалните мрежи многупати сме виделе разни фотографии од познатите какви биле како деца, но од денешна перспектива истите со помош на новата супериорна технолошка методологија, истите „оживеаја“.

Антониа Гиговска, Јоце Панов и Ване Маркосски се заиграа со патување од минатото кон сегашноста, а истото го раздвижија и го направија така реално, што биди тон емоции и носи созли за очите за она што било некогаш.

Малата и големата Антониа прегрнати и споени во едно, некогаш и денес.

Ване Маркоски го донесе малиот Ване на работа во студиото на МРТ, местото каде множеби во некоја друга форма го замислувал како мал посакувајќи да биде на телевизија.

Јоце пак, направи колаж од малиот и големиот, но на оние на кои се уште не им е познат овој тренд, помислија дека тоа се фотографии со неговото синче.

„Луѓето мислат дека е мојот син… ама не, тоа сум јас пред X години (со мала помош од AI)
Малото јас што сè уште живее некаде внатре во мене. Интересно“- напиша Јоце Панов.

Сигурни сме дека овој моментален тренд ќе го направат уште многумина, а  нема сомнеж дека ќе осамнат уште којзнае колку вакви нереално- реални приказни пред нашите очи.

фото:instagram/facebook printscreen/ Freepik

To top