Легендата на фолк музиката Халид Бешлиќ почина по битка со тешка болест во Сараево на 72-годишна возраст.
И покрај напорите на лекарите, за жал, вчера пристигна веста дека музичката ѕвезда го напуштила овој свет, а бројни колеги од забавната индустрија се збогуваа од срце со својот сакан Халид.
Меѓу нив е и пејачката Сузана Јовановиќ, која пред нешто повеќе од шест месеци го загуби сопругот, естрадниот маг Саша Поовиќ, кој изгради врска полна со почит и восхит со Халид.
– Што да кажам, голема тага и голема жалост! Уште еден голем уметник и голем човек си замина! Божјото царство сега е побогато за уште една легенда! Ќе го паметам по прекрасните песни што ќе живеат и по него. Нека го чуваат ангелите! Најдлабоко сочувство до неговата сопруга, син и целото семејство – изјави Сузана Јовановиќ.
Да ве потсетиме дека Халид Бешлиќ беше видливо потресен по смртта на сопругот на Сузана Јовановиќ, а за Аваз откри дека до последен момент не ја губел надежта дека Саша ќе ја победи ужасната болест.
– Се надевав дека ќе се извлече. Имавме добри односи, соработувавме. Се познаваме долго време. Навистина ми е жал. Не знам што друго да кажам освен дека беше добар човек и врвен професионалец во својата работа. По неговото заминување, ќе има празнина – изјави Бешлиќ за „Аваз“.
фото: printcsreen/instgaram




