Радио Милева уникатен стил

Јована Јеремиќ ги запали мрежите во ова издание – Водителката облече необичен моден избор во теретана

Јована Јеремиќ ги запали мрежите во ова издание –  Водителката облече необичен моден избор во теретана

Водителката повторно привлече големо внимание со својот стајлинг.

Постојат жени кои едноставно не сакаат да пораснат и тоа е нивниот главен адут.

Тие веруваат дека младоста не е број на години, туку став, па преку модата, енергијата и однесувањето ја испраќаат пораката дека играта и шареноликоста никогаш не заминуваат. Една од нив е сигурно Јована Јеремиќ, која е сè уште како девојче.

 

Водителката Јована Јеремиќ повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста, овој пат со необичен моден избор во теретана.  На Инстаграм се појави нејзина фотографија во тесна, светла облека, а најголемо внимание привлекоа шорцевите со ликовите од популарниот цртан филм Powerpuff Girls и жолтиот топ кој дополнително ја нагласуваше нејзината фигура.  Јована овој пат покажа дека не ѝ е гајле за туѓите мислења и дека модата ја гледа како игра, но и како начин да ја покаже својата енергија и уникатен стил.

Коментарите на социјалните мрежи се поделени, при што некои тврдат дека облеката е „премногу слатка“ и го одразува нејзиниот весел дух, додека други веруваат дека овој избор е „премногу за возрасна жена“.

Foto: print Screen/Instagram/jeremicjovana

To top