Популарната ТВ водителка и активна инфлуенсерка од Македонија, Лила Филиповска ја допре публиката со својата искреност и храброст. По тешката борба со ракот на дојката, таа се врати посилна и посвесна за вистинските вредности во животот.
Заедно со својата уникатност и неизбежна харизма, таа стана една од најпрепознатливите јавни личности.

Лила покрај инфлуенсерските обврски таа редовно споделува и приватни моменти, кои ѝ носат мир и инспирација.
Последно, на „Инстаграм стори“ таа предизвика радост кај своите следбеници со едноставен, но значаен момент – видео од својот мачор Рагнар познат за јавноста, што гласно преде додека таа го гали, со описот „Терапија“.
Оваа мала секунда од домашната атмосфера ја покажа нејзината филозофија за животот: дека вистинската среќа се наоѓа во деталите и моментите на мир и љубов.
Водителката неретко потсетува дека животот е миг кој вреди да се живее со целосна посветеност и радост. Тешкиот период од нејзиниот живот остана зад неа, а таа ја продолжува својата приказна со позитивна енергија и мотивирачка порака за сите кои го следат нејзиниот пат.
Foto: printscreen/instagram/lilafilipovska




