На 17. септември, во магичната атмосфера на еден нов ресорт лоцира во подножјето на Водно, се одржа забавата насловена „Bye, bye summer party“ во организација на издавачот на најпознатиот лајфстајл печатен магазин и интернет портал во македонија, „Убавина и здравје“!
Какко и на сирте нивни прертходни зивенти и забави досега, организаторот се потрудил ништо да не недостасува. Гламур, ектраваганција, одлилен „Поп арт“ бенд, бројни поканети гости од светот на естрадата, модата, медиумите, социјалните мрежи… пејачки, водителки, новинри, инфлуенсери и драги пријатели на организаторот се забавуваа, испробуваа производи од палетата на спонзорите, уживаа во погледот со зајдисонце, муабетеа, разменуваа мислења и креираа спомени.

Македонскиот пејач Марио Арангеловски, овој пат во улога на водител или поточно новинар-истражувач правеше анкета, така што на присутните гости им поставуваше само едно прашање: „Колку чини твојот ауфит“?

Разбирливо, Скоје не е ниту Париз, Милано или Њујорк, па познатите фаци отворено и искрено си кажаа колку пари вреди она што го носат на себе. Од панталони или фустани, маички или блузи, до патики, чевли, сандали… Кој(а) во што се прменил(а) и обул(а)!
View this post on Instagram
Одговорите во рамките на очекуваното, кој малку поскапо кој нешто поевтино, кој повеќе или помалку, но толку колку што прилега на нашиот стандард, а и заработката од шоубизнисот поврзан со естрадата во Македонија. И така сите испитаници редум еден по еден, освен една…

Кога дојде редот на македонскиот модел и манекенка Елена Ѓорговска, следуваше шок за јавноста од нејзините одговори, за тоа колку чини на нееа она што таа го носи таа вечер!

Русокосата почна да се расфрла со бројки во илјадници евра од кои „боли глава“, па многумина се прашаа можна ли е таква светска заработка и слава од моделинг или девојката само сакаше да си направи добар маркетинг?
View this post on Instagram
Зашто она што го раскажа колку чини нејзиниот аутфит сосе сите аксесоари, излегува дека толку пари во накит, чевли и гардероба немаат сите присутни заедно на забавата!
View this post on Instagram
Инспирирана од бајковитата аутфит приказна на моделот и манекенката, македионската фолкерка Марија Луиса Тодоровска „изглумила“ своја верзија па ја споделила на нејзните Инстаграм приказни, за тоа колку и чини она што на себе го носи. Секако, во вид на пародија на „модната аутфит рапсодија“ на Елена Ѓорговска. Пејачката јавно исмеа манекенката, па многумина прокоментираа дека Марија Луиса Тодоровска „ја тресна од земја“ Елена Ѓорговска!
Фото: Инстаграм/elenagjorgovska/mario_arangelovski/luisa.todorovska







