Македонска театарска, филмска и телевизиска актерка Јелена Јованова, независно дали е во улогата на Јелена од Драчево, Милена од „На терапија“, Марина од „Тајни“, таа едноставно е миленичка на гледачите.
Оттука, јасно и разбирливо е дека за јавноста секогаш е интересен приватниот живот на Јелена која повеќе од една деценија живее во Хрватска.
Големите животни промени за неа започнаа кога во 2013-та на снимањето на серијата „Тајни“ работеше и отпочна врска со колегата Стјепан Периќ, за нешто подоцна и да се омажи со него.

Тогаш нивната венчавка се случи во Загреб без многу помпа, а дури по неколку месеци Јелена на својот профил објави неколку фотографии од венчавката на кои е прекрасна невеста.

Јелена денес е среќна и реализирана жена со две мелечки деца која умешно, храбро и самоуверено чекори во професионалниот и брачниот живот.
Дека времето лета, па секој од нас тешко може да си поверува колку години изминале од одредено случување, доказ е и 10 годишнината од бракот на познатата актерска двојка.
Откако Јелена симболично на Инстаграм го нагласи брачниот јубилеј, во комеентари се огласи поранешната ракометарка Андријана Будимир кој наедно откри и дека е виновникот за нивното запознавање. Народски кажано Будимир била „сводникот“ меѓу нив, а дури и по толку години се уште не го добила задлуженото – рало чевли како што рекле старите.


-Јас се уште чекам чевли!!!! и напиша Будимир на Јелена која и врати само со емотикон кој плаче од смеа.
Сега откако вака јавно беше обелоденето што од каде започнало, можеби чевлите најпосле ќе дојдат онаму каде им е местото, а Јелена и Стјепан ќе се раздолжат.

Инаку, познатата двојка го доби синот Јаков во јуни 2020 година, а лани нивното семејство пред точно една година се прошири со уште едно синче.
Интересно е дека Јованова ги чуваше и двете бремености во тајност, па за многумина оваа среќна вест беше вистинско изненадување.
фото:Instagram printscreen/andrijana_budimir_official/jelenajovanovaperic







