Промотер

Кога „Педро Хоризонте“ апокалиптично ви го најавува „Крајот на светот“ во нејзина прегратка (ВИДЕО)

Кога „Педро Хоризонте“ апокалиптично ви го најавува  „Крајот на светот“ во нејзина прегратка (ВИДЕО)

„Крајот на светот еве го доаѓа“, а ако дојде и тие темни облаци, јас знам ти си сонце и ќе ми скокнеш во прегратки“…

Вака апокалиптично – љубовно почнува текстот за новата песна на триото „Педро Хоризонте“ – „Крајот на светот“, чиј спот премиерно беше неодамна промовиран преку „Јутјуб“.

„Педро Хоризонте“ е нов бенд составен од искусни музичари кои повеќе од 25 години се активни на македонската музичка сцена.

Вокалот и басот е на Петар Младеновски – Пеце (Суперхикс), на гитара е Гога Поп Георгиевски, а на тапани  Иво Митковски (екс – АЈ Кју) кој свири на споменатата прва песна, овој пат го заменил Владимир Митревски – Ѓуле, познат и како режисер на музички видеоспотови.

Стилски се движат од реге преку панк рок до инди поп со семплови во заднина. Новата песна звучи како апокалиптино продолжение на нивниот прв сингл „Земја на еден жител” издаден во 2020 година, а и овој како и споменатиот е миксуван и мастериран од страна на Дени Крстев.

За новата песна „Крајот на светот“ снимен е и видеоспоткој всушност е рефреширана снимка од еден нивен живнастап на познатата „Школка“ во Градскиот парк во Скопје. Зад објективот на камерата стоел Методија Атанасовски, а  монтажата и режијата ја потпишува споменатиот,во случајов ем тапанар на бендот, ем режисер на спотот,  Владимир Митревски – Ѓуле.


Како звучи и изгледа кога „Педро Хоризонте“ ви го најавува „Крајот на светот“ проследете од видеоспотот во продолжение.

To top