Радио Милева на градите рози

Тело како Барби – Наташа Беквалац ги распамети сите со својот стајлинг

Тело како Барби – Наташа Беквалац ги распамети сите со својот стајлинг

Пејачката Наташа Беквалац ги воодушеви обожавателите со својот стајлинг на нејзиниот Инстаграм профил.

Беквалац важи за една од најубавите и најзгодни пејачки, па затоа обожавателите ја нарекуваат „Новосадска Барбика“.

Наташа носеше екстравагантен, нежно син, долг фустан, а преку нејзините природни гради имаше материјал во форма на роза.

Силуетата на пејачката изгледаше совршено, а коментарите се нижеа: „Божица“, „Нема никој поубав“, беа само неколку од нив.

Наташа неодамна откри дека ги извадила силиконските импланти од градите.

– Морав да го направам тоа.  Почна приказна за тоа, па сакав да објаснам.Сè направив во границите на вкусот, без да ја загрозам мојата приватност, но и без да се кријам. Јас и моето семејство знаеме зошто го направив тоа, а најважно е – здравјето. Постојат работи што мора да бидат приоритети, а некои други, со возраста, сфаќаме дека не се. Мислам дека жените со текот на времето доаѓаат до овие важни сознанија, рече Наташа Беквалац, додавајќи дека никогаш не ги следела трендовите.

Foto: rainscreen/ Instagram/bekvalceva

To top