Водителката Јована Јеремиќ повторно успеа да привлече внимание дури и додека е на одмор.
На плажа, водителката на „Пинк“ приреди вистински спектакл. Водителката легна на пешкир во тиркизно бикини, ги крена нозете во воздух и држеше шише минерална вода на стапалата.

Јована, позната по својата енергија и ексцентрични движења, изгледаше како да изведува акробатски чин пред публиката. Нејзините извајани нозе и совршена фигура беа во преден план. Веруваме и дека нејзината ќерка која е заедно со неа на одмор, многу се забавувала гледајќи ја својата забавна и интересна мајка.
Со капа со морнарски грб и исончан тен, Јеремиќ уште еднаш покажа дека за неа одморот не е само сончање, туку и шоу програма.

foto: Printscreen Instagram/jeremicjovana







