Свадби, крштевки, веридби, сунети… приватни забави за кои свеченоста да биде на посакуваното ниво, главна за веселата атмосфера најчесто е ангажирана нашата фолк пејачка Сузана Гавазова.
Со својата појава, енергија, вокални квалитети, кога Сузето се појавува пред гостите,тогаш инстантно се подготвуваат паричниците…
Токму како што пее во својата песна „опасна сум жена, опасна за око“, опасна и по готовината, но кога е за арно, за убаво, парите сами се лепат до пејачката.

Така беше и вчеравечер во гостиварско кога на една таква свеченост, Гавазова го запеа нејзиниот хит од пред 11 години „Докторе“.
Уште со првите стихови двете раце ги наполни со бакшиш, а снимката од моментот се најде на нејзинот „стори“ од Инстаграм.
Безвременската „Докторе“ очигледно довела до кулминација и „финансиски колапс“ за следниот ден, можеби и главоболка за повик на докторот.
Ама Сузето си знае како тоа „опасно“ да го сработи, квалитетно и за мерак на сите.
фото:Instagram printskreen/suzanagavazova







