Мина Костиќ неодамна заврши во Ургентниот центар, видливо бледа и исцрпена. Откако лекарите ги направија сите прегледи, таа беше пуштена на домашно лекување, а сега открила дека е добро, но дека мора да продолжи да ја зема препишаната терапија.
– Сè уште ги пијам лековите, ја земам терапијата. Сега сум добро, фала му на Бога. Сега сè е во ред, фала му на Бога – изјавила Мина за тамошните медиуми.

Многу се зборуваше јавно за љубовниот живот на Мина со извесен Каспер, кого го запознала преку социјалните мрежи. Иако еднаш го открила својот љубовен живот на тацна, Костиќ целосно се повлече од јавноста и молчеше, па откри дали таа и нејзиниот партнер се добро и дали се уште се заедно.
– Кога е во прашање љубовта, сè е во ред – рече Мина, а на прашањето дали наскоро би се омажила за Каспер, таа дала само краток одговор:
– Само Бог знае, само тој знае. Решив повеќе да не зборувам за мојот приватен живот, доста е.
Foto: printscreen/instagram/minakostic_official





