Радио Милева лежерно и кул

„Се извинувам ако некому не му се доапаѓа“: Сека Алексиќ во крајно необична комбинација прошета низ град (фото)

„Се извинувам ако некому не му се доапаѓа“: Сека Алексиќ во крајно необична комбинација прошета низ град (фото)

Стајлингот на Сека Алексиќ ги изненади загрепчани.

Сека Алексиќ го крена Загреб на нозе. Овој пат не со „огнен“ настап, како што тоа го направи неколкупати во главниот град на Хрватска, туку со стајлингот што го прошета низ улиците.

Фолк дивата се одлучи за необичен моден спој, комбинација од неутрални тонови и „оверсајз“ стил кој е во тренд последните сезони.

Сепак, не сите ја сакаа нејзината облека, па комплиментите и критиките наизменично се менуваа во коментарите на социјалните мрежи.

Стајлингот се состоеше од сива тренерка и предимензионирана јакна – две навидум некомпатибилни парчиња, широки бели патики Yeezy, спортски чорапи, чанта Jacquemus, кафена маица, очила за сонце, големи обетки.

– Кога излегов од дома, не знаев што да однесам во Загреб, само фрлав работи во куферот. Жал ми е ако некому не му се допаѓа, но јас се чувствувам пријатно во тоа – изјави Сека.

– Сцената е една работа, но ова е нешто во кое јас лично се чувствувам најудобно, сакам комбинации на спортско и елегантно – објаснила таа за порталот Дива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

– Лично, не би носела розов и црвен кармин, иако ја имам песната „Црвен кармин“, но не ми се допаѓа на мене.

Приватно носам и високи потпетици низ град, а не само рамни чевли.

фото:Instagram printscreen/ seka_aleksic

To top