Радио Милева вулгарно

Џеј Ло и тоа како претера: Пејачката симулираше секс со танчарите на сцена

Џеј Ло и тоа како претера: Пејачката симулираше секс со танчарите на сцена

Џенифер Лопез ја шокираше публиката со провокативниот настап на „Cook Music Fest“ на Тенерифе.

Пејачката во саботата се појавила на сцена во провокативен костим кој што ја нагласува нејзината фигура.

Меѓутоа, малкумина гледале во она што го облекла откако почнала да танцува со танчарите. Џеј Ло во еден момент танцувала, а сето тоа изгледало како да симулира секс-пози со своите танчари.

Видеото од настапот со брзина на светлината се споделувало на социјалните мрежи, а Џенифер се најде на мета на негативни критики.

Дел од коментарите се следни: „Ова е премногу“, „Одвратно“, „Непријатно и нималку забавно“…

Лопез овој провокативен настап го приреди шест месеци откако официјално се разведе од актерот Бен Афлек.

Тие беа во брак од 2022 година, а таа во август 2024 година поднесе барање за развод. Тоа воедно беше четвртиот развод на пејачката, а неодамна открила дека повеќе не планира да стапува во брак.

На еден од нејзините неодамнешни концерти одговорила на прашање на нејзин обожавател кое гласело: „Џеј Ло, дали ќе се омажиш за мене?“.

„Мислам дека завршив со тоа. Го пробав тоа повеќе пати“, истакнала таа.

Џенифер Лопез од 1997 до 1998 година била во брак со актерот Охани Ноа, а три години по разводот се венчала со Крис Џад.

Во брак биле до 2003 година, а една година по разводот се венчала со музичарот Марк Ентони. Во брак биле 10 години, а заедно добија  близнаци.

Последниот брак ѝ беше со актерот Бен Афлек.

фото:Printscreen/X/ Oli London

To top