Радио Милева исповед

Емина Јаховиќ за екс- сопругот Мустафа Сандал: „Ми стана непријател“

Емина Јаховиќ за екс- сопругот Мустафа Сандал: „Ми стана непријател“

Пејачката Емина Јаховиќ за првпат ја отвори својата душа и откри досега непознати детали за нејзиниот пропаднат брак со популарниот турски пејач Мустафа Сандал.

Иако ги поврзуваат две деца и незаборавни спомени што ги создадоа во текот на десет години заеднички живот, пејачката вели дека во еден момент нејзиниот поранешен сакан избришал сè што преживеале како со гума за бришење и се однесувал кон неа како кон целосен странец.

Поради нејзините синови Јаман и Јавуз, кои се центар на нејзиниот свет, на Мустафа успеа да му прости, но не и да заборави сè што се случи откако решија да стават крај на нивната љубов.

– По разводот, Мустафа стана мој непријател! Иако е добар татко и редовно им плаќа алиментација на своите синови, по раскинувањето се обиде да ми наштети на многу начини. Денес сме сè уште на суд, но не поради пари, туку поради принципи, бидејќи сме исклучително тврдоглави и ниту еден од нас нема намера да попушти. Сега сме во добри односи и комуницираме поради Јаман и Јавуз, но сè што останува недовршено меѓу нас мора да се реши. Тој е свесен дека е голема ѕвезда и дека е повлијателен во Турција од мене, и верувам дека ќе се обиде да го сврти тоа во своја корист. Сепак, многу лесно можам да го изненадам и да му покажам дека не може да се однесува така со мене. Никогаш не знаете кого познавам и кој би можел да ми помогне во ситуацијата во која се најдов – пејачката ја започна својата искрена исповед и додаде дека, без оглед на тоа што се свртел против неа по разводот, Мустафа никогаш не се мешал во нејзиниот љубовен живот:

-Никогаш не се обидел да влијае на мојот љубовен живот, ниту пак коментирал за моите партнери. Никогаш не сум слушнала лош збор од него, и без оглед на сè што се случи, мислам дека не е лош човек. Иако како сите луѓе има недостатоци, бракот со него беше прекрасен. Бевме лудо заљубени еден во друг и неговата харизма ме купуваше и воодушевуваше одново секој ден. Сепак, во еден момент се распаднав и решив да се разведам. Прво се разделив од него психички, а дури потоа физички. Одлуката да се разделам ја донесов три години пред официјално да се разведеме. Кога му го кажав тоа, Мустафа се насмеа и помисли дека се шегувам. Дури и во бракот, тој се гледаше себеси како ѕвезда и моќен маж чија сопруга никогаш не можеше да го напушти. Сепак, си признав дека повеќе не сакам да бидам со него и поради тоа никогаш не се покајав.

Иако уживаше во свила и кадифе со својот поранешен сопруг, Емина Јаховиќ вели дека дури и по разводот, не се откажала од високиот живот.

Не сакајќи да се задоволи со помалку од она на што таа и нејзините деца беа навикнати, се фати за работа и ги презеде сите одговорности за да се издржува себеси и своите синови.

– Живеев доста разгаленo со Мустафа и дури по разводот, кога станав и татко и мајка на децата, сфатив колку е тешко да се обезбеди егзистенција. Сепак, никогаш не ги спуштив моите стандарди и моите синови имавме и сè уште имаме сè што сакаме – рече познатата пејачка на крајот од интервјуто за „Скандал“.

фото:Instagram printscreen/yaemina

To top