Промотер

Пупе Кељавиот од Мичурин алиас ПКМ ги собра сите познати рапери на купче па покажа што е – “Real GUN” (ВИДЕО)

Пупе Кељавиот од Мичурин алиас ПКМ ги собра сите познати рапери на купче па покажа што е – “Real GUN” (ВИДЕО)

Раперот ПКМ ( Пупе Кељавиот од Мичурин),  на својот YouTube канал промовираше нова песна и видео запис со наслов PKM – ,, Real GUN “.

Тврди рими каде се спомнуваат легендарните пионери на македонскиот рап и рап групи и артисти од светот проткаени со препознатливиот стил на ПКМ.

Песната е снимана во Ошав продукција, музиката е на МАЦ АД, додека миксот и мастерингот се на МАЦ АД и ТЕЦ.

Видеото го изработи Иван Солунчев – С.Б. Студио Скај Камера, снимано на повеќе локации низ Скопје и Мичурин, а интересно е тоа што во него се појавуваат најеминентните рапери од Македонија.

Пионерите во рапот Деко Лудиот стил и Маријачи од Клан Исток, Аго и Тец од The Most Wanted, Ицко од Чиста Околина, Диџеј Гоце од САФ, Пука Козметика, Страјк и Л.Д. Пистолеро, Туте, Кацар, Кемп ОД, Кец, Видо, Нож и милениците на младата генерација Зи Бомб, најмладиот MC Јан и многу други луѓе од Мичурин и Аеродром и други населби од Скопје.

Погледнете го видеото и слушнете ја песната која го најавува неговиот прв деби соло албум кој треба да излезе наскоро.

To top