Радио Милева традиционален ритуал

Гога Секулиќ беше главна ѕвезда во Будва: Додека публиката скандираше, пејачката на присутните им делеше гаќички (ВИДЕО)

Гога Секулиќ беше главна ѕвезда во Будва: Додека публиката скандираше, пејачката на присутните им делеше гаќички (ВИДЕО)

Гога Секулиќ  беше главна ѕвезда во Будва, каде што одржа два настапи. Првиот беше испланиран и договорен, а вториот се случи сосема спонтано.

Секулиќ прво настапи во клуб каде што секоја година го руши рекордот по број на посетители, а тоа беше случај и овој пат. Имаше претежно помлада публика, тинејџери, кои ги знаеја сите хитови на Гога и пееја во дует со неа, како што се песните „Љубавница“, „Може, може“, „Месечар“, „Рекорд сам оборила“… и други.

Како што се очекуваше, најголемиот делириум се случи кога се слушнаа првите тактови од хит песната „Гаќице“ (Гаќички). Потоа публиката, заедно со клавијатуристот на Гога,  почна да скандира: „Секс, дрога, Секулиќ Гога“ кон пејачката, додека таа им возврати со тоа што им подели неколку парчиња  од својата долна облека, односно  танга гаќички во разни бои.

Овој ритуал веќе стана традиционален кога е во прашање Секулиќ, а таа го изведува секој пат за време на летната турнеја кога го пее најголемиот хит во нејзината кариера.

Фото и видео: Инстаграм/sekulicgoga

To top