Виница блесна на музичката мапа на светот! Со првото издание на Cafe De Anatolia Experience концептот, регионот стана сведок на спектакл од светски ранг – настан каков што не се гледа секој ден, длабоко врежан во емоциите на сите присутни.
Настанот се одржа во SLIV Elite Events, локација која совршено го долови духот на фестивалот и ја претвори Виница во епицентар на културната и музичката магија.
Публиката уживаше во целодневна програма со музички настапи, специјално сценско осветлување, артистички изведби, како и брендирани производи поврзани со светскиот бренд Cafe De Anatolia, кој потекнува токму од тука.

На настанот пристигнаа гости од различни земји кои дојдоа специјално за настанот, како и посетители од различни градови низ Македонија, правејќи го Cafe De Anatolia Experience највлијателниот и највпечатливиот настан во последната деценија во регионот.

На бината настапија домашни и интернационални DJ-и кои го претставија каталогот на изданија од Cafe De Anatolia, вклучувајќи ексклузивни траки. Дополнително, беа претставени и двете официјални вина на брендот – Cafe De Anatolia Wine и Mediterraneo, кои беа дел од избраното мени.

Во текот на настанот, гостите имаа можност да го видат и новиот бутик со маици и облека со оригинален дизајн, инспириран од визуелниот стил на брендот. Програмата беше збогатена со пантомимичари и танцувачи, кои дополнително придонесоа за уникатната атмосфера.

Организатори на настанот се основачите на Cafe De Anatolia – Моника Илиева (Monika Ilieva), Зоран Илиев (Billy Esteban) и Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth), кои преку овој концепт го донесоа светскиот звук и искуство во родниот град.
фото:приватна архива







