По разводот од пејачот Харис Џиновиќ, со кого помина повеќе од две децении во брак, модната дизајнерка Мелина екс Џиновиќ се соочува со сериозни финансиски проблеми, пишуваат српските медиуми.
Имено, според податоците од Агенцијата за економски регистри, нејзиниот моден бренд досега забележал најголема финансиска загуба – дури 3 милиони и 269 илјади динари во 2024 година.

Според извор близок до дизајнерката, проблемите почнале да се натрупуваат по разводот, кога, како што се шпекулирало, дошло до пад на побарувачката за нејзините луксузни фустани.
Цените на нејзините креации отсекогаш биле меѓу највисоките на пазарот, што, според соговорниците, сега станало сериозна пречка:
– Брендот на Мелина се бори со екстремно намалена побарувачка и растечки трошоци. Луксузната мода е скапа за одржување, а пазарот во Србија е ограничен. Покрај сето тоа, нејзините цени се астрономски. Не знам кој може да си ја дозволи… Морам да признаам дека малку се занесе! Прашањето е како ќе се извлечат од оваа ситуација, бидејќи овие минуси се сигнал дека нешто сериозно не функционира – изјавил извор на Информер, запознаен со бизнисот на Мелина.

Да ве потсетиме дека Мелина се преселила од Србија минатата година и го започнала својот нов живот на Азурниот Брег.
– Мелина сега живее на Азурниот Брег, таму е повеќе од еден месец. Самите видовте дека не зборува за разводот од Харис. Жената едноставно оставила сè зад себе и продолжила понатаму. Има планови за својата иднина, сака да живее и да ужива во животот, се радува на сè ново што ѝ го носи овој нов почеток. Преселбата не е мала работа, но лесно се адаптирала. Нови луѓе… – изјавил добро информиран извор за Блиц.рс
фото:Instagram printscreen/hamelofficial




