Радио Милева ноќ за паметење

Првата дама на српската труба ја освои македонската публика: Данијела Веселиновиќ брилјираше на фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево (ВИДЕО)

Првата дама на српската труба ја освои македонската публика: Данијела Веселиновиќ брилјираше на фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево (ВИДЕО)

На 15-от Фестивал на дувачки оркестри во Пехчево,  Данијела Веселиновиќ и нејзиниот оркестар ѝ приредија на публиката концерт за паметење. Ноќ полна со енергија, емоции и музика што ги брише границите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irena Spirovska (@irenaspirovska)

Публиката, собрана на централниот градски плоштад уживаше во препознатливиот звук на српската труба, но и во изведбата на популарните македонски песни што беа испеани едногласно.

Репертоарот на вечерта беше внимателно одбран – комбинација од традиционално и современо, познато и изненадувачко.

Данијела, позната како прва дама на српската труба, блесна и музички и на сцената, со импресивен стил што ја следи нејзината единствена енергија, додека заедно со своите талентирани момци од оркестарот, успеа да ја крене публиката на нозе и да подготви вечер за која долго ќе се зборува.

Фото и видео: Инстаграм/irenaspirovska/danijelaveselinovic.official

 

To top