Водителката Јована Јеремиќ објави фотографија со своето трудничко стомаче на Инстаграм профилот и покажа како изгледала во 9-тиот месец од бременоста пред да ја роди ќерката Леа.
Позирајќи во тесен розов фустан, Јована остави и краток опис.

– 9-ти месец, 2018 година. Најдоброто допрва доаѓа – напиша таа во описот на фотографијата.
Да потсетиме дека Јована Јеремиќ беше во брак со Воислав Милошевиќ, со кого доби ќерка. Сепак, следеше развод и неколку неуспешни емотивни врски. Најдолгата врска што ја имаше по разводот беше со Драган Станковиќ.

Сепак, тие неодамна ставија крај на нивната врска, а водителката откри дека се чувствува подобро од кога било.
фото:You tube printscreen/Instagram/jeremicjovana







