Радио Милева споменар на животот

Македонскиот голгетер сподели нишка летни спомени: Бојан Миовски на прв семеен одмор со синчето и сопругата

Македонскиот голгетер сподели нишка летни спомени: Бојан Миовски на прв семеен одмор со синчето и сопругата

Откако на почетокот на годината неговата сопруга Сара на свет го донесе нивното прво чедо и тоа машко, кој го доби името Матео, македонскиот голгетер Бојан Миовски сега  семејството за прв пат го однесе на летен семеен одмор.

Летото е во полн ек, горештините стануваат се понеподносливи, па малкуте слободни денови што ги добиваат фудбалерите пред клубските обврски и подготовките за новата сезона, Миовски реши да ги искористи семејството за прв пат во ваков состав да ги почувствува благодетите на морето и неговите летни убавини.

Шпанија каде што во моментов Бојан игра, ги има едни од најубавите крајбрежја и места летување во Европа, па фудбалерот се одлучил семејството да го однесе во еден луксузен „Бич ресорт“ во познатата Марбеља.

Рано наутро, уште додека сонцето не почнало толку силно да пече најдобро е да се фати некој негов зрак на почетокот на денот, да се впие витамин Д, а и малку потемни тенот.  При тоа утинската дремка е задолжителна. И за тато и за синот, кому татковата снага му е најубава постела.

Штом сонцето малку повеќе зажеже, Бојан и Матео како вистинско машко друштво, по утринската дремка, ете ги во бич барот под сенка.

А штом дојде време за ручек, таткото и синот елегантно дотерани, седнати на маса го листаат ресторанското мени.

Потоа малку пладневен одмор и време за тато и мама да бидат малку сами…

На плажа, во кафуле или ресторан…

Или на шопинг прошетка, додека малечкиот наследник попладневно одмора.

А штом ноќта тивко се спушти, следно што семејството ќе си го приупшти е вечера за сите тројца. И додека брачната двојка ужива во вкусот на локалните специјалитети, нивното синче во скутот на мама, љубопитно „ги снима“ нивните погледи.

Ноќта резервирана за спокоен сон на малечкиот и можност за малку ноќен провод на брачната двојка Миовски, која со сите радости ужива во својот прв летен семеен одмор со синчето Матео.

Создавајќи нишка од спомени кое семејството довека ќе ги памети.

Фото: Инстаграм/miovskibojan

To top