Една стара скопска, урбана поговорка, вели: „Кој има среќа со парите, нема среќа во љубовта“! Колку е реална и вистинита е прашање, иако понекогаш одредени примери го потврдуваат ова непишано правило.
На Марија Луиса Тодоровска супер и оди со заработката. И зиме и лете, пејачката „си плете“ по настапи, од каде споделува фотографии со полни раце парички.

Што денари, што разна девиза, што покажува дека за Марија Луиса не постои финансиски криза!

Е, арно ама, аналогно на тоа, ако бизнисот цвета, љубовниот живот би требало да венее, нешто со што Марија не може баш и да ја убеди јавноста, зашто ваква сексапилна и популарна убавица, тешко дека сама легнува на перница.

Како и да е, како и многумина од нас и Марија Луиса понекогаш сака да верува што филџанот и претскажува. Зашто во виното е вистината, ама во кафето е судбината! Гледањето на кафе е стара навика, па ако си убеден дека судбината ти се претскажува во црниот талог од белата шолја, може и да почнеш да веруваш дека она што го посакуваш, ќе ти се оствари.

Така и пејачката, седнала да го сркне утринското или попладневното кафе, со оглед на тоа што ноќе работи, а дење спие, па кафето пред да го испие погледнала во шолјата. А таму ете ти ја иднината… И тоа светла.

Така барем филџанот и покажал на Марија, која во кафето го здогледа она што секоја здрава жена го посакува! До душа и некои мажи, ама тоа е друга приказна!

Не знаеме Вие што гледате и дали пејачката стиснала желба, ама она што Марија Луиса во филџанот го видела, дефинитивно ја направило среќна и радосна до небо… Како и не би кога имаш полна шолја задоволство… Уште па, ако кафето било и… „Комшиско“?!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska/приватна архива





