Пејачката Јелена Карлеуша објави нови фотографии од Црна Гора, кои предизвикаа лавина од коментари бидејќи позира во бикини и облека за на плажа.

Карлеуша е позната по своите брутални изданија и смелите стајлинзи кои никого не оставаат рамнодушен, вклучувајќи го и фолк пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани.

Познато е дека Ѓани долго време ја бодри својата колешка, исто како што таа го бодри него, па затоа тој и коментира и на нејзините објави.
Ѓани сега кратко напиша под фотографиите на Карлеуша во костим за капење:
– Big mama (Голема Мама) – ѝ испрати порака Ѓани на својата колешка и додаде емотикон со црвено срце и кренати раце, но Јелена Карлеуша сè уште не му одговорила.

Да, потсетиме дека Јелена Карлеуша во последните денови ужива во Црна Гора, во друштво на нејзините ќерки Атина и Ника Тошиќ.
Foto: print Screen/Instagram





