Српската пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како „Жена од султана“, има здравствени проблеми поради кои во последните месеци се бори со вишок килограми.
Тијана Ем важеше за една од најатрактивните пејачки на естрадата, но во последните неколку месеци нејзината фигура значително се промени.
– Вистина е дека се здебелив, малку се преувеличуваше во медиумите. Но, се здебелив. Гледам дека сите би сакале да ги погледнат моите медицински картони. Навистина имам некои мали здравствени проблеми, затоа пијам апчиња што ме прават да се здебелам. Почнав да тренирам, ја регулирав исхраната, се надевам дека наскоро ќе престанам да земам терапија. Ако даде Бог, повторно ќе бидам фит пред да одам на море – изјави пејачката за Хајп.

„Жена од султана“ верува дека нејзиниот привлечен изглед многу ѝ помогнал во кариерата.
– Пејачката покрај гласот мора да има и фигура. Ако не изгледа како што треба, не може да биде на врвот на забавната индустрија. Можеби не е така во светот, но дефинитивно тука е.

Тијана е во врска со гитаристот Дарко Симиќ веќе година и пол, и како што истакнува, во нивната врска постои нормална доза и на љубомора.
– Секогаш има малку љубомора во врската, но ништо премногу. Добивам секакви пораки на социјалните мрежи, има сè, од смешни директни пораки до непристојни слики. Ги читаме заедно и се смееме на тоа – вели Тијана.
фото: ptintscreen/instgaram







