Музичката ѕвезда Наташа Беквалац ја доби ќерката Хана во поранешниот брак со ватерполистот Данило Икодиновиќ Дача.

Беквалац сега се пофали на социјалните мрежи дека нејзината наследничка завршила средно училиште.
Моето дете матурираше! Ти си мојата гордост, мојата најголема среќа во животот, мојата радост, мојата ѕвезда и ѕвезда водилка, најдоброто нешто што ми се случи во животот беше раѓањето на тебе! Летај, живеј, патувај, забавувај се, учи, расти, прави грешки, смеј се, љубов моја! Денес нема посреќна жена од мене, ниту подобра ќерка на светот од тебе! – возбудено рече Наташа.
– Мама те сака – додаде Беквалчева покрај фотографија со Хана.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram




