Секој од нас барем еднаш помислил што би променил во својот живот ако би можел да го врати времето назад. Но, времето не се враќа, туку минува и тоа брзо, а сфаќањата и погледите најчесто се различни од тоа некогаш, ама назад нема.
За сите животни случувања и ситуации сме реагирале и одлучувале како сме сметале дека е најсоодветно тогаш, зашто нели таков е животот и се’ тоа е во ред.
Колку сме сугестивни или своеглави е индивидуална работа од која последиците вака или така ги трпиме самите. Пејачката Тијана Дапчевиќ за „BIZLife Portal“ зборуваше токму на оваа тема, па кажа:

-Ништо не би сменила, исто би играла како и до сега. Поточно со своите 25 години, бидејќи во душа се уште имам 25… Можеби едно нешто… Би била само за малку, малку, за трошка една поамбициозна. Ете тоа е единствено нешто кое би го сменила, но кога подобро ќе размислам, ништо не би менувала. Се’ би правила онака како што сум и направила, кажа Тијана пред камера.
Резимето може да се извлече од тоа дека животот е тука за да не учи и менува, а во каква варијанта ќе го измоделираме, дизајност останува наш, личен и единствен!
фото:Instagram printscreen/tijana.dapcevic







