Нема ден во српските медиуми да помине без некоја вест за пејачката Јелена Карлеуша.
Овој пат тема на дискусија е тоа дека почнала да очи по стапките на нејзиниот екс- соопруг Душко Тошиќ, односно исто како и него да ги вложува своите пари во недвижнини.
Карлеуша за време на престојот со своите ќерки во Дубаи, купила луксузен стан вреден околу 1 милион евра. Станот се наоѓа во „Кавали кула“, која е во изградба и се очекува да стане нов симбол на градот.

Станот од 70 квадратни метри е дуплекс со две спални соби и ќе располага со 24-часовна услуга од батлер. Кулата има 70 ката и вкупно 464 станови, а се наоѓа во близина на Дубаи Марина.
Карлеуша заедно со агент за недвижности разгледала неколку локации пред да се одлучи за оваа инвестиција. Таа го избрала токму овој стан поради неговата локација и ексклузивност.
фото:Instagram printscreen/karleusastarnew




