Во познатото семејство Атанасовски на сите членови им светат очите од среќа!
Наплив на возбува, скокот на душа, љубов детска за децата, ама и за мама и тато. Виновник за истото најпрвин е лабрадорот Атос, а потоа се’ она што следи…
Имено, познато е дека Димитар и Сара Мејс години наназад го чуваат кучето Атос кој од неодамна стана татко по вторпат, а од леглото мали кученца, неговите сопственици се решија да вдомат едно од потомците.

Сара и Диме се ставија пред голем предизвик – второ куче, и тоа не било какво, туку од редот на птичарите.
Новиот член е уште едно машко лабрадорче кое до доби името Торко или помодерно и скратено само Тор.
Златниот лабрадор неколку години е важен член на семејството, а сега во проширен состав заедно и со неговото синче Торче.

-Ај погодете која е таа фамилија, што на куче и маче и толку малку обврски во животот, зимаат уште едно куче ??? Запознајте го Тор, син на Атос и Миа, второроден од неговиот ред, владетел на пинтиските прерии, стои во описот на фотографијата каде и сите заедно позираат со малиот крзнен убавец.

Познавачите на кучињата добро знаат дека оваа раса особено обожава деца, и се едни од најпаметните.
Епа со среќа!
фото:instagram printscreen/ dimitaratanasovski







