Радио Милева од први мај...

Водителот се одјави: Димитар Атанасовски си замина од познатата радиофреквенција и влегува во „нови води“? (ФОТО)

Водителот се одјави: Димитар Атанасовски си замина од познатата радиофреквенција и влегува во „нови води“? (ФОТО)

Водителот Димитар Атанасовски кој секојдневно се дружеше со радио – слушателите  на „Сити радио“ цели 15 години, на последниот ден од Април одлучи да се одјави. Димитар  се поздрави  и сподели  фотографии на социјалната мрежа  Инстаграм  од  кариерата во радиото. Водителот со емотивна порака кажа збогум и сподели 15 фотографии како одраз на 15 – те години поминати таму.

„Скоро цел ден правам пиши бриши на описов, ама многу емоции собрани во 15 години работа, дружба, успеси, падови, прават да ти е тешко да срочиш се’ во неколку реченици… Моето прво работно место (со стаж), место во кое толку многу научив за водителството, за однос, за животот, за она што сум јас денес. Но, секоја приказна има почеток и крај. Па така и оваа. После 15 години ‘Кажи Да Во 2’ време е за нови предизвици. Од срце сум благодарен на сите колеги и колешки со кои работевме во цел овој период. До некое следно слушање, Димитар out.

Со одлуката Димитар ги изненади сите. Па веднаш почнаа предвидувањата што понатаму планира.

„Се спремеш за трето дете, затоа си правиш простор“  – му напишаа на мрежата.

И додека некои претпоставуваа дека можеби се подготвува за трето дете па му треба повеќе време, сопругата Сара, познатата харфистка откри што ќе работи.

– Димитар „коли ќе пере “ – напиша Сара Мејс на кратката приказна, а тој сподели ја кај него, па додаде дека навистина влегува во нови води, ама само таа „сериозно“ го сфати тоа.

Зашто тоа беше само  за Први Мај, а со тоа воедно и го честиташе празникот на трудот , па си ја среди колата, за која  како што кажа не наоѓа  доволно време да ја среди цела година.

Како и да е, единствено тој си знае дали и што  одлучил да работи во испразнетото време додека беше на познатата радиофреквенција една и пол деценија.

Фото: print Screen/Instagram

 

To top