Македонската „Гранд“ ѕвезда, скопјанката Андријана Петрушовска не крие дека на себе ги корисгирала усните, но се’ останато на неа преферира да биде и остане она што и го дала мајката природа, која несомнено доста ја надарила.

Сепак, според најновата објава на нејзиниот профил на Инстаграм, нешта и ставовите очигледно почнале да се менуваат. Па така, Андријана реши да биде во тек и да ги следи тенденциите во поглед на естетските корекции, но оние минималните, во случајот на одржување на младешкиот, свеж изглед и хидратацијата на лицето.

Постапка која се изведува со боцкање, а таа откако седна на консултација со експерт во областа, се реши да го стори тоа.

Постапката ја објави со видео и процезот од почеток до крај, а за задоволството од крајниот резултат беше насмевката на нејзиното лице.
За потсетување, во минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Патрушовска заврши како второпласира, а во месец октомври ја издаде синглот „Маније“.
фото:Instagram printscreen/andrijanapetrushovska




