Радио Милева го „запали“ Инстаграм

„Триесет и осум и полно срце“ – Данијела Димитровска објави роденденски фотографии (фото)

„Триесет и осум и полно срце“ – Данијела Димитровска објави роденденски фотографии  (фото)

Водителката и манекенка Данијела Димитровска го прослави роденденот на 22 април, а сега на Инстаграм сподели моменти од роденденската забава.

На изненадување на многумина, Данијела наполни 38 години и гордо ги покажува годините бидејќи никогаш не изгледала подобро.

Димитровска за роденден облече црвен фустан со рози, а со фотографиите во оваа комбинација го „запали“ Инстаграм.

Таа со своите следбеници сподели и серија приватни фотографии, меѓу кои и неколку со нејзиното момче Јеверем Косниќ, а ги покажа и букетите кои ги добила на подарок, како и како уживаат во Црна Гора, каде често престојуваат.

“38 и полно срце. Благодарна за секоја насмевка, прегратка, порака, желба… за се што имам и за секој кој е дел од мојот свет. Го чувствував тоа сите овие два дена. Ви благодарам што го прославивте животот со мене”, напишала манекенката.


фото: print Screen/Instagram/danijeladimitrovska

To top