Сара Рељиќ доживеа сообраќајна несреќа и како што вели добро е што останала жива.
Таа сега се огласи преку социјалните мрежи откривајќи ја моменталната состојба.
Пејачката и учесничка во реалното шоу Сара Рељиќ доживеала несреќа по враќањето од настап и како што вели во моментов се чувствува добро.
– Имав сообраќајна несреќа, сега се чувствувам добро, но мојот автомобил беше целосно уништен.
Имаше некои работи на патот, не беше осветлен, налетавме на некој метал, добро преживеавме – ризјавила Сара и додала:
– Една недела пред нас таму загинаа некои луѓе, навистина е среќа што останавме живи – изјавила Сара за Телеграф.рс
Рељиќ се огласи и на својот Инстаграм профил и на своите следбеници им објасни како се чувствува по несреќата што ја доживеа и какви повреди има.
– Добро сум, не грижи се. Утре всушност ги правам прегледите, но засега се изгледа во ред. Освен левата рака, секако – напиша таа и додаде:
– Немам среќа со таа лева рака. А колата, добро… време беше да се смени.
Фото: printskrin/instagram/sara_reljic.1