Водителка и актерка, Наташа Аксентијевиќ, еднаш искрено проговори за својот љубовен живот, и призна дека е во врска со зафатен маж, но и истакна дека нејзиниот сопруг е нејзиниот најголем поддржувач во животот.
-Бев љубовница, нема да кажам со кој. Мажот имаше жена и деца. Тогаш бев млада и убава, а сите сакаа да бидам нивна љубовница – изјавила тогаш Наташа.

Наташа потоа раскажа како изгледа животот во брак, како и динамиката со партнерот.
– Знае да ме смири и да ме вознемири. Зборуваме за се’. Дури и кога ќе се заљубам во возачот на снимање, доаѓам и му кажувам, на што тој ми одговара: „Добро, денес е понеделник, до петок ќе се одљубиш“. Кога имате среќа да го споделите животот со мажот на вашиот живот, проблемите полесно се решаваат. Дури и кога на телевизија ќе ти кажат дека веќе нема да работиш таму, не го сфаќаш тоа трагично затоа што доаѓа и ти вели: „Супер, сега ќе ти се отворат нови врати“. И навистина се случува – изјави актерката.

– Имам среќа што се омажив за некој што најмногу го сакам на светот. Кога ќе влезеш во брак од љубов, ништо не е комплицирано, не треба да го штитиш, да се грижиш дали ќе преживее. Тука си затоа што твоето срце го избрало. Ти простуваш се’, иако Душан ми простува повеќе отколку јас него. Понекогаш сум љубоморна на количината на добрина на емпатија и разбирање што ги поседува. Мислам дека тој е единствениот човек кој искрено и од срце се радува на туѓата среќа. Ние, обичните смртници, секогаш имаме малку љубомора, но не тој – изјави Аксентијевиќ во интервју за „Стори“.
фото:Instagram printscreen/ natasaaksentijevic




