За брачната естрадна двојка, Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски ака Џокер кога се социјалните мрежи во прашање, исклучоци се прват само со повод.
Последно заедно ги видовме на првиот роденден на синчето Киан, а претходно во многу ретки случаи откако официјално стапија во брак и направија свадба.
За Антониа и Џокер секој си е на своето, таа со нејзиното, тој со неговото за пред очите на јавноста.
Поддршката секако е тука за тоа кога имаат нова песна, а за она што им е дома, секако останува интимно, семејно, лично и зад четири ѕида.
Овој пат, на изненадување на следбениците, младите познати сопружници решија да направат исклучок на Инстаграм, па го тргнаа на страна она мое и твое, па кога го споија, излезе нивното заедничко- синчето Киан со мама и тато во семеен портрет од градскиот парк во Скопје.
Ноншалантна, опуштена прошетка во природа, детска игра и семејна љубов споена во три срца.
Сега она мое плус твое го создаде заедничкто кое изгледа совршено!
фото:Instagram printscreen/jokerdam93