Радио Милева природна коса

Пејачката ја извади периката од 4.000 евра – Андреана Чекиќ покажа како изгледа без неа (фото)

Пејачката ја извади периката од 4.000 евра –  Андреана Чекиќ покажа како изгледа без неа (фото)

Пејачката Андреана Чекиќ на повеќето свои настапи носи перика, а сега после долго време ја соблече и покажа како изгледа без неа.
Имено, Андреана слободното време го искористила да го посети својот фризер, а на Инстаграм ја покажала промената што ја направила.

Пејачката ја извади периката, ја бојадиса косата и ја скрати, а потоа го објави крајниот резултат кој предизвика поплава од коментари.

Косата добила волумен, а сите и велат дека воопшто не и треба перика.

– Ја соблече периката и ја покажа својата бујна и убава коса која долго време ја криеше од очите на јавноста – пишува во описот на видеото што го објави Андрана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pedja Bozic (@pedjabozic)

Андреана Чекиќ неодамна за Информер откри зошто секогаш носи перики на настапи.

Признала и дека многу нејзини колеги носат перики, но тоа не сакаат јавно да го откријат.

– Речиси сум единствената која зборува за тоа, а многу познати личности носат перики. Имам убава природна коса,
но јас сум личност која секогаш се труди да си ги олеснам работите поради времето. Да речеме дека дојдов на настап, и додека слетам, додека стигнам до хотелот, ми требаат три часа да се подготвам, а периката ја поправам во работните денови. Ги имам тие глави, ја ставам периката, ја поправам, и изгледа одлично до викенд; Ги земам и ги ставам, а тоа трае пет секунди.

Андреана си ги нарачува периките од Австралија, а тие се направени од вистинска коса. Најскапата што ја платила била 4.000 евра.

фото: printscreen

To top