Радио Милева нејзиниот пат до целта

Антониа Гиговска „бомбардирана“ од сите кои се наоѓаат во истата приказна од која таа излезе како победник, па несебично го откри рецептот за успех (фото)

Антониа Гиговска „бомбардирана“ од сите кои се наоѓаат во истата приказна од која таа излезе како победник, па несебично го откри рецептот за успех (фото)

Дебелината е глобален проблем и нè погодува сите нас, ако не во блскиот круг, тогаш сигурно познавате некој што има проблем со килограмите и си го бара черето како да се доведе во ред или барем да почене од некаде.

Со овој проблем  се соочуваше и младата поп- пејачка Антониа Гиговска која имаше повеќе од 80 килограми и изгледаше драстично поинаку од она што е денес.

Изминатите неколку години во медиумите редовно остамнуваат написи за тоа како ослабела Антониа, како изгледа, за едни поубава вака или онака, но заедничко за сите е дека девојката се преполови, па денес има неверојатни 47 килограми.

Во меѓувреме стана и мајка, се соочи со постпородилен период, но со нејзините принципи, односно оние на нејзиниот тренер за здраво тело и програмата за исхрана, Антониа за брзо се врати на старо, па за сите оние што редовно ја прашуваат за тоа како успеа и доколку се решени истрајно да тргнат на патот до целта и успехот, тогаш треба да ја најдат нејзината Клаудија.

– Со сигурност ќе кажам не беше воопшто лесно. Бев дете кое многу ја сакаше храната, затоа и беше многу тешко да се одвикнам од некои работи. Многу се сакав себеси тогаш, искрено никогаш повеќе не сум се сакала. Кога ослабев не бев среќна. Сега кога веќе проаѓа време доаѓам до заклучок дека сите треба да направат еден чекор повеќе за себе, но никогаш да не престанат да се сакаат себеси, такви какви што се. Обично многу ретко пресекувам, ми треба мноогу време за нешто да престане, но кога се решавам, ставам точка и тоа е крај, откри Антониа во едно интервју.

Сатисфакцијта е неминовно да ја има покрај ваков разултат, за кој најважно е дека таа се чувствува убаво, задоволно и самоуверено.

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top