Пејачката Ана Бекута неодамна пеела на приватна забава во еден престижен хотел во Белград, каде паднала и ја скршила раката.
Бекута не дојде на последното снимање на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ каде е редовно во жири, а повредената пејачка ја замени нејзиниот колега Драган Којиќ Кеба.
Поради скршеницата пејачката целосно се повлече од јавната сцена. Иако раката и е во гипс, тоа не ја спречи Бекута синоќа да се појави на роденденската забава кај еден познат естраден менаџер, каде што го грабна и микрофонот.
На видеото кое се појави на интернет ја гледаме Ана како седи до Едвин и му пее на уво, додека нејзината рака цело време е фиксирана за телото.
Foto: Instagram printscreen/edwin_softic/