Мадона е една од најголемите икони на поп музиката.
Иако често објавува слики кои се филтрирани и фотошопирани, овој пат реши да го покаже своето вистинско лице.
Имено, таа на Инстаграм објави слика без трошка шминка.
Сега таа објави селфи одблиску на кое се гледаат сите ситни детали и неправилности на нејзиното лице.
На фотографијата се гледа дека Мадона имала бројни естетски зафати, но знаците на возраст не можат да се сокријат.
Она што најмногу се забележува е дека таа има отечено лице, а многу обожаватели ги коментираа нејзините полузатворени очи и изразено овенати очни капаци.
„Што се случи со неа?“, „Изгледа исцрпено и преуморно“, „Таа е целосно изобличена, не личи на себе“, се само дел од коментарите кои ги споделија фановите.
Да потсетиме дека кралицата на попот имаше здравствени проблеми кога пред околу две години беше пронајдена без свест во состојба на септички шок. Потоа итно беше пренесена на интензивна нега поради бактериска инфекција и била во многу критична состојба. После тоа била пуштена на домашно лекување, а каква инфекција имала остана непознато.
фото: printscreen/instagrаm