Георгина Родригез го слави својот 31 роденден, а по тој повод особено емотивна порака и испрати Кристијано Роналдо.
-За мајката, мојата партнерка, мојот пријател, мојата сопруга… среќен роденден љубов. Твојата светлина нè осветлува, а твојата љубов не обединува, напиша Роналдо во емотивната објава.
Георгина сподели и фотографии од подароците кои ги добила за роденден, а се пофалила и со огромен букет рози, парфем и луксузна чанта Диор.
Таа сподели и фотографија на која позира со торта и свеќи.
Иако Георгина и Кристијано не се венчаа, тој во неколку наврати пред оваа објава ја нарекуваше Родригез негова сопруга. Парот е заедно од 2016 година, а заедно имаат две ќерки Алана (8) и Бела (2).
Роналдо го има 14-годишниот син Кристијано Џуниор, а тој се уште не го открил идентитетот на неговата биолошка мајка. Покрај тоа, тие ги имаат и близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка.
фото:Instagram printscreeen/cristiano/georginagio