Радио Милева сестри или мајка и ќерка?

Познатите Македонки преку естетските трендови приредија оптичка илузија – погодувате ли која е која? (фото)

Познатите Македонки преку естетските трендови приредија оптичка илузија – погодувате ли која е која? (фото)

Многупати сме пишувале, а Вие сигурно се коментирале на тема естетски корекции и колку тоа поради таквите тековни трендови припадничките на понежниот пол се’ повеќе почнуваат да наликуваат или барем да потсетуваат една на друга.

Најчесто применувана корекција е онаа на усните, па ретко која остана без возлуменозно зголемени усни, оние што имаат потреба поради природен недостаток, но и таквите кои сакаат да бидат во тренд и да имаат зголемени усни.

Ако за останати естетски промени беше табу да се зборува или открива дека се направени, големите хујулоронски усни се преседан, односно исклучок од редовната постапка зашто тие треба да бидат што поистакнати како такви.

Пејачката и докторка Симона Поповска и тоа како е навлзена во својата работа како дерматолог и естетичар кој како на многуте свои пациентки/клиентки им ги има правено устите, па дури и таа самата го стори истото.

Вита става, темна коса, полни усни – физикус кој ја прави маркантна, секси и ултра впечатлива.

Од поновите објави на Инстаграм, токму ваквите физички квалитети, а богами и естетски дополнувања, направија оптичка илузија да некогашната водителка Мелита, заличи на Симона или барем за миг да не потсети од сличноста.

Речиси како сестри, или мајка и ќерка, секако само од фотографија која овојпат не стави на кратко под прашалник – дали Мелита станала Симона на Инстаграм, или ние ги „помешавме лончињата“ од глетката секако!

Сепак, потписот на Инстаграм ја даде потврдата која е која, но заедничките физички сличности, дефинитивно стојат како такви поради полните усни, долгата кафена коса и сличната шминка.

Толку многу различни и секоја своја, а за момент така слични – што мислите?

фото:Instagram printscreeen/melitameli/simonapopovskaofficial

To top