Разводот на пејачот Харис Џиновиќ и Мелина извесен период е топ тема во регионалните медиуми, а особено откако и официјално се разведоа пред суд.
Јавните личности најчесто практикуваат да дадат една изјава откако ќе се решат на ваков потег, но Харис беше изненадување со тоа што се отвори максимално за да каже што се правела сега неговата екс- сопруга и колку тој всушност е повреден од неа и нејзиното однесување.
Сега даде изнтервју и за емисијата „Сцена“ што се емитува на српската телевизија „Блиц“ каде повторно кажа повеќе од очекуваното.
Дали вие двајца патувавте заедно? Како беше вашиот заеднички живот?
– Да но тоа беше порано, а потоа таа почна да се оддалечува. Постојано беше со тие пријателки и мислам дека ова женско друштво многу придонесе за нејзиниот став, односно свртување кон нов живот. Не знам, но мислам дека ако жената е без маж две години, три години во град или на друго место, тогаш не е добро.
Дали можеби избегнувавте да се сретнете? Ќе се сретнете сигурно кога ќе легнете да спиете.
– Не се сретнуваме кога ќе легнеме да спиеме. Имаме голема удобност, па секој има своја соба. Ако сака да спие, да се тушира, да се бања, да прави секакви работи во своја интимност… Секој сакаше да има своја соба, а ако некому треба с…, зближување, тоа не е проблем. Дојди во мојата соба, или ќе дојдам во твојата. Па, мислам дека тоа е едно ниво уште поубаво.
Дали се плашите што ќе каже каже?
– Во оваа доба не се плашам ни од атомска бомба, камоли од тоа што таа ќе каже или ќе прави. Што и да каже, сето тоа ќе биде на нејзина штета.
Разводот се споредува со смрт на блиска личност.
– Тој веднаш е зад смртта. Луѓето се убиваат во ситуации на развод, многу е блиску до напуштање на оваа планета. За среќа, јас не сум го доживеав тоа, а ниту моите деца. Имам можеби едно негативно искуство што ми помогна. Татко ми и мајка ми беа разведени, а 13 години живееја заедно и работеа заедно. Тоа е една од моите трауми од детството. Жал ми е и за децата и за мене што поминуваме низ ова.
Постои ли шанса за нова љубов?
– Нема да се случи безрезервно да се предадам на некоја како што ѝ се предадов неа. Дека некоја друга жена може да се наесели во мојот живот, може, веројатно, не ми паѓа на памет да останам сам. Од друга страна, нема да биде врзано со брак, некаква кохабитација и толку.
фото:Instagram printscreen/ harisdzinovic_official/ melina.dzinovic.fp